18 Април, 2024
0.0248

Овој понеделник – 17 јули ќе се мрда со прст за почиста и поубава околина во Аеродром

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст, заедно со жителите на Аеродром, како и сите оние кои сакаат да го направат своето маало поубаво и почисто место за живеење, денес, во 18.30 часот организираат активност за чистење и разубавување на областа под Железничката станица, во близина на ул. Венјамин Мачуковски.


Настанот ќе започне во 18.30 часот, а покрај предвидените активности кои ќе му дадат поинаков сјај на овој дел од градот, присутните ќе ги анимираат препознатливите мрдачи со прст - Тони Зен, ДЈ Гоце Саф и Марко Новески. Kако траен спомен од овој настан кој ќе биде потсетник за одржување на чиста околина, ќе остане и уметноста на мајсторите за графити кои ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.

Разубавувањето токму на оваа област е всушност реакција од страна на совесен граѓанин кој пред неколку месеци го пријавил проблемот на веб страната www.mrdnisoprst.mk како локација во градот на која и е потребно чистење, разубавување и редовно одржување.

Во акцијата, активно ќе мрдаат со прст Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија, Биди Зелен, Општина Аеродром и сите останати кои знаат дека потребно е малку, за да се постигне многу.

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец.  ,,Tи си на потег” како слоган  на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни наwww.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година