ОЖАЛОСТЕНАТА ВДОВИЦА ЌЕ ДОБИЕ 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ - Коби знаел во што да вложува пари
Објавено во: Свет 25 Мај, 2020
Прерано починатата кошаркарска легенда Коби Брајант, во 2012 година инвестирал пет милиони американски долари во бизнис, за кој подоцна се покажува дека се исплател многу пати повеќе.
На неговата вдовица Ванеса ќе и припаднат дури 200 милиони долари заради потегот што нејзиниот сопруг го направи пред осум години.
Тогаш Коби инвестираше пари во спортскиот пијалок „BodyArmor“ и купи дел од компанијата, што забележа неверојатен раст, па Ванеса ќе има голем прилив.
„Изгубив близок пријател. Го изгубив брат ми, а „BodyArmor“ го загуби својот основач. Марката не би била на оваа позиција доколку Коби не веруваше во овој проект. Неговите „отпечатоци“ се насекаде“, рече Мајк Репол, основачот на компанијата која сега вреди околу две милијарди долари.
Ванеса, исто така, може да добие надомест бидејќи поднесе тужба за менталната болка што ја претрпела затоа што осум полицајци од Полицијата на Лос Анџелес го фотографирале местото на несреќата и им ги покажале фотографиите на неовластени лица.
Брајант и неговата ќерка Џиана загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари оваа година.