По царинските бариери од Косово, Македонија утре ќе одлучи како ќе возврати
Објавено во: Македонија 18 Август, 2019
Косово забрани од Македонија да се увезуваат компири и мед, откако претходно ние забранивме увоз на риба, а како ќе возвратиме на царинските бариери ќе се знае утре.
Министерот за земјоделство најави дека одлука ќе има в понеделник откако прво ќе одлучи заедно со Бектеши и Атанасов какви чекори да преземат.
Царинските бариери од Косово се воведоа како реципрочна мерка на забраната од Македонија за увоз на риба која важи за сите земји кои што немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен.
Димковски не одговори дали се разгорува трговска војна меѓу двете земји.