ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА: Kолку луѓе се во потрага по работа?
Објавено во: Економија 09 Март, 2018
Се намалила невработеноста во земјава.
Стапката на невработеност изнесува 21.9 проценти, пресмета Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2017 година, активното население во Република Македонија броело 953.692 лица, од кои вработени се 745.206, а 208.486 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период изнесувала 56,8 проценти, стапката на вработеност 44,3, додека стапката на невработеност била 21,9 проценти.
Во однос на претходниот, третиот, квартал на 2017 година, невработеноста се зголемила за 0,8 проценти, а во однос на четвртиот квартал на 2016 година е пониска за 1,2 проценти.
За споредба во третото тримесечје лани стапката на невработеност изнесуваше 22.1 проценти.