28 Март, 2024
0.0359

Пад на вредноста на пензиските заштеди во приватните пензиски друштва: Има ли ризик

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber


Пад на вредноста на вложените пари во приватните пензиски друштва предизвика коронавирусот. Ширењето на заразата како реалност ги турна надолу светските пазари што се рефлектираше и во земјава, па и кај фондовите. Од трите пензиски фонда за Фактор велат дека процентот на падот на сметководствената единица на фондовите засега е едноцифрен и е краткорочна рефелексија на негативните случувања. Ги охрабрува тоа што вредноста паднала за едноцифрен процент во услови кога падот на берзите беше над 20 отсто.

Три пензиски друштва управуваат со парите на осигуренците во вториот задолжителен пензиски столб.

 Тврдат дека помал дел од вкупното портфолио е инвестирано во акции и акциски фондови со што е намален ризикот од погоелм пад на вредноста на парите на осигурениците.

„Дел од портфолиото на фондовите со кои управува КБ Прво пензиско друштво се инвестирани во домашни акции и светски индексни фондови со максимална географска диверзификација. Влијанието на падот на цените на светските берзи предизвикува краткорочнa нестабилност на движењето на сметководствената единица на фондовите, но клучно е да имаме предвид дека и во минатото, повеќе пати сме биле сведоци на слични падови на светските финасиски пазари, но пазарот секогаш се враќал на претходните нивоа – и ги надминувал, велат од КБ Пензиско друштво.

Слично, во сите друштва само околу една третина од парите се вложени во акции во земјата и во странство, а токму тие паѓаа во изминатиов период. Останатиот дел од портфолиото или околу 70 отсто од средствата се инвестирани во инструменти со фиксен принос, односно во инструменти кај кои во овој период немаше пад.

„Досегашниот пад е целосно рефлектиран во падот на вредноста на сметководствената единица на двата фонда. Актуелната изложеност кон акции и акциски фондови, споредено со можноста која ни ја дава законската рамка односно 60 отсто законска можност вклучувајќи максимален лимит од 30 проценти  кај домашни акции, доведе до значајно помал пад на пензиските заштеди во однос на падот кој би се случил доколку би биле изложени до максимумот, дозволен со законската рамка, велат од Сава пензиско друштво.

Од трите друштва додаваат дека токму ова претпазливо инвестирање придонело да се ублажи падот.

„Воспоставениот принцип на инвестирање во различни компании од различни географски региони и индустриски сектори или народски кажано „чување на јајцата во различни кошнички наспроти во една“ обезбедува амортизација на падот, но и помали ефекти дури и доколку одредени компании целосно пропаднат. Мораме да напоменеме дека целосно пропаѓање на одредени компании од портфолијата на пензиските фондови е многу малку веројатно затоа што и според законската рамка, пензиските фондови можат да инвестираатсамо во компании со висок кредитен рејтинг, а тоа значи компании со солидни биланси, кои лесно ги сервисираат своите обврски односно долгови. Акумулацијата на пензиски заштеди и остварениот принос кај двата фонда во изминатиот 7 годишен период ни даваат одреден простор да ја оствариме нашата долгорочна цел дури и при негативни приноси во одредени години, додаваат од Сава Пензиско друштво.

Од Триглав пензиско велат дека треба да се разбере дека инвестициите се од долгорочен карактер и во предвид се земаат долгорочните очекувања за движењата, како на домашните, така и на странските пазари. Кај долгорочните инвестиции, времето секогаш било на нивна страна

„ Тековно, пазарите ги движат стравот и неизвесноста од ефектот кој што пандемијата ќе го има врз глобалниот економски раст. Државите ширум светот, меѓу кои и нашата земја, веќе имаат донесено низа стимулативни фискални и монетарни мерки за поддршка на економиите.  Со добивање на првите податоци дека пандемијата е ставена под контрола и дека преземените мерки ги даваат посакуваните резултати, пазарите ќе се стабилизираат, додаваат од Триглав пензиско.

Ова друштво почна со работа на 1 април лани поради што нема релеватни податоци за остварениот принос лани.

Податоците за другите две друштва објавени од МАПАС покажуваат дека тие за последните седум години имаат просечен годишен принос кај задолжителните фондови од околу 6,3 отсто во номинален износ или околу 5,7 отсто во реален износ. Во тој период друштвата континуирано ги намалувале надоместоците кои ги наплаќаат од своите членови.

Од почетокот на реформата до сега номиналниот принос е околу 5,6 проценти на годишно ниво, додека реалниот принос е просечно годишно околу 3,7 проценти.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“