20 Април, 2024
0.0252

„ПАДНА“ ДОГОВОР: Поевтин роаминг ќе имаме со Грција

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Поевтин роаминг ќе има меѓу земјава и Република Грција.

Во делот на податочниот сообраќај уште во летната сезона, ова го најавија денеска ресорните министрите на двете држави, Дамјан Манчевски и Никос Папас по потпишувањето Меморандум за разбирање.

„Се согласивме дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се менуваат во ЕУ. Со Меморандумот се предивидува динамично намалување на големопродажните и малопродажните цени во роаминг услугите со цел да дојдат на ниво како што важат и во ЕУ пред да се воведе принципот роаминг како дома“, рече Манчевски.

Меморандумот е прва билатерална активност по потпишувањето на Договорот од Преспа, а во иднина како што најавија Манчевски и Папас, ќе следат билатерални договори во уште многу области со конкретни придобивки за граѓаните.

Регулаторите на двете држави во наредните два месеци до владите треба да достават соодветни планови за спроведување на Меморандумот за соработка.

„Ќе се обидеме до крајот на мај и почетокот на јуни да ги имаме првите резултати. Целта е ова лето граѓаните да почувствуваат конкретни резултати особено во делот на интернетот. Динамиката што ја утврдивме за целосното укинување на цените во роамингот иако во меморандумот оставивме малку повеќе простор, ќе сакаме сепак да се изедначи со динамиката што ја имаме со останатите земји од Западен Балкан, што значи до 2021 година“, вели Манчевски.

Неговиот колега Папас изјави дека се подготвени да ги преземат сите правни мерки и алатки со цел граѓаните од двете држави многу бргу уште во претстојната туристичка сезона да имаат намалување во сметките.

„Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за меморандумот што го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите како што се изработени, или, доколку е потребно, да се прилагодат за да се оствари овој договор“, вели Папас. 

Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми, потенцираше Папас.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите