20 Април, 2024
0.0295

ПАДНА ДОГОВОР СО ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ: Во Мала Богородица ќе има место за уште 100 пациенти, опремата и кадарот ќе биде на сите болници, трошоците ќе ги плати државата

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче имаше разговор со сопствениците на приватните болници, за да се прецизираат условите и начинот за користење на приватните здравствени установи. Постигнат е договор за дополнителни 100 кревети во болницата Мала Богородица.

Таа болница целосно ќе се опреми, ќе се инсталира кислород, и според прогнозите, до крајот на неделава ќе почне со работа.

Кадарот целосно ќе биде пополнет со тимовите на трите болници.

„Болницата Мала Богородица, старата болница на Систина, каде што можат да се сместат 100 пациенти, целосно ќе биде опремена од страна на сите приватни болници, со нивни заеднички договор. Оттаму ќе биде обезбеден и кадар и материјали за работа, и за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони, ќе плаќа државата. Ова значи дека дополнителен капацитет од 100 кревети ќе биде на располагање некаде на крајот на неделата. Дотогаш има место и во нашите болници, сега има сосема доволен број на слободни кревети“, рече министерот за здравство Венко Филипче, по завршувањето на средбата.

Според него, граѓаните воопшто нема да сносат дополнителен трошок.

Сопственикот на Систина, Орце Камчев, нагласи дека на денешната средба бил постигнат договор во интерес на граѓаните.

„Постигнавме договор во интерес на граѓаните, во интерес на приватните болници, и ако сето тоа остане така како што го договоривме, сите три болници, но и другите помали приватни болници, ќе биеме вклучени во помошта на граѓаните во борбата со ковид 19, со сите наши ресурси со кои располагаме“, рече сопственикот на Аџибадем систина, Орце Камчев.

Според Жан Митрев, сопственик на Филип Втори, на состанокот немало никакви недоразбирања.

„Министерот и министерството треба да го водат сето ова, а ние сме тука да помогнеме и во опрема и во кадар и во логистика, така што засега нема никакви недоразбирања или нешто за кое требаше да се расправаме, туку напротив, мислам дека сите сме во тој правец да помогнеме, секој како што најдобро може во оваа ситуација“, нагласи сопственикот на Филип Втори, Жан Митрев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите