Паднал авион во Србија, човекот во чиј двор се срушил е повреден, селаните вознемирени од силна експлозија
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2020
Денеска се урнал авиобн во Србија, во близина на Лозница. Ова го пренесува Јавниот сервис на Србија РТС.
Првичните информации говорат дека авионот се урнал во атарот на селото Брасин во близина на Лозница, на планината Гучево.
Локалните жители изјавиле дека се слушнала силна експлозија која многу ги вознемирила.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека најваројатно паднал воен авион кој летал источно од реката Дрина.
Авионот според сведочењето на локалните жители завртел нагло и паднал во дворот на Витомир Тасковиќ.
Жителот на село Брасин, Тасковиќ во чии двор паднал авионот е повреден пренесува Новости.