Паѓаат цените на горивата
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2019
Нови цени нафтените деривати од ноќеска на полноќ.
За три денари поевтино возачите ќе точат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 , додека со дизел ќе се полнат резервоари за да денари поевтино од претходната недела.
Во следните седум дена возачите за ЕУРОСУПЕР 95 ќе плаќаат 66,50 ден/лит додека за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се плаќа 69 ден/лит.
За 60 ден/лит. ќе се точи дизелот додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 49,50 ден/лит.
Пад бележи и цената на мазутот кој оваа седмица ќе се плаќа 33,851 ден/кг.