19 Април, 2024
0.0294

Паѓаат затезните камати: Колкави се казнените проценти на комуналните сметки

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати на јануарските сметки за струја, вода, парно, но и за потрошените кредитни картички или денарски кредити ако задоцнат со плаќањето. Од први јануари се намали основата за пресметка на таканаречената затезна камата, односно тоа е основната камата на Народната банка (НБМ) која сега е 2,5 проценти. 

„НБРМ објавува дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година изнесува 2,5, стои во одлуката на Централната банка 

Промените на начинот на пресметка се прави два пати годишно од јули и од јануарои, па ако во текот на полугодиието имало промена на каматата на НБМ тогаш се менува и основата за пресметка на казнента камата. Тоа се случи и при крајот на годината лани па така сега има нова, пониска основа што значи дека казнените камати сега ќе бидат пониски за половина процент. До сега или докрајот на годината основата беше 3 отсто. 

Казнени камати наплатуваат банките за доцнењето во наплатата на кредитите на денарските кредити или кредитните картички, ако ратата не се плати по истекот на 30 дена од кога достасала за плаќање. Но затезни камати се пресметуваат и на сметките за телефон, па и за струја, парно. Пресметката е законски утврдена, а од 2010 година како основа се зема референтната камата на НБМ која важи ден пред усогласувањето. Всушност, од овој јануари казнената камата за договори меѓу трговци и јавни претпријатија ќе биде 12,5 проценти, а досега беше 13 проценти или 10 плус стапката на основната камата. Законската казнена камата во договорите во кои барем едно лице не е трговец или најчесто за физички лица од јануари ќе биде 10,5 процентни поени, а беше 11 отсто.

Инаку за кредитите во девизи казнената камата се одредува поинаку, односно се зема како основа едномесечната стапка еурибор, зголемена за десет проценти.

Ова се стапки само на казнените камати, додека банкарите, секако наплатуваат и редовни камати.

Наплатата е уредена во Законот за облигациони односи, каде стои дека таа се наплаќа без опомена на 30 дена од денот на приемот на фактурата или сметката, а ако тој ден не може да се одреди со сигурност тогаш се смета 30 дена по приемот на стоките и на услугите.

Народната банка има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената камата на почетокот на секое полугодие.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините