Пахор за договорот меѓу Атина и Скопје: Ги промовира мирот, безбедноста и евроатланската перспектива
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
Словенечкиот премиер Борут Пахор денеска изјави дека договорот за решавање на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција може да претставува поттик и за другите земји од Балканот да ги решат нивните меѓусебни проблеми.
„Договорот ги промовира мирот, безбедноста и евроатланската перспектива на регионот“- оцени Пахор.
Според Пахор, договорот за новото име на Македонија претставува „важен сигнал кој би поттикнал решавање на билатералните и на мултилатералните прашања на Западниот Балкан“.