ПАКИСТАНЦИ, ИНДИЈЦИ, ТУРЦИ: Тие ќе работат во соседството
Објавено во: Економија, Балкан 05 Март, 2020
Соседна Србија ќе oбезбеди работници од Индија, Пакистан и Турција.
„Ни недостасуваат и квалификувани и неквалификувани работници. Се плашам дека во најскоро време ќе мора да увезуваме работници од трети земји, Индија, Пакистан и Турција“, изјави Драган Павелиќ, директор во компанијата Strabag, објави Бизнис инфо.
Додава дека фалат образовани работници, пред сè инженери.
Вели дека нискоградба во неговата компанија и понатаму се потпира на локалните капацитети, а поголем е проблемот со високоградба.
Претходно, медиумите во Србија пишуваа дека на српските градилишта има работници од Македонија и Албанија.