20 Април, 2024
0.0292

Палејќи контејнери, си ги палиме сопствените пари

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нема крај на вандализмот во метрополата. Скопје со години не може „глава да крене“ од вандалите кои уништуваат се што ќе им дојде при рака или под нога. Зачестено во последниот месец стана палењето на нови садови за одлагање комунален отпад а надлежните најавија засилени патроли на локациите каде се поставени тазе набавените контејнери.

Од град Скопје за Фактор велат дека со вандалско однесување се соочуваат континуирано и со оштетувањето на контејнерите и другите садови за одлагање отпад со што штетата оди директно на граѓаните.

„Секој месец неколку десетици контејнери се палат и оштетуваат , со што се нанесува голема штета на граѓаните.

Конкретните случаи од изминатиов период се пријавени во полицијата која ќе превземе натамошни чекори. Дополнително, нашите комунални инспектори и редари, како и вработените во ЈП „Комунална хигиена“ засилено ќе патролираат на локациите каде се поставени контејнерите“, посочуваат од кабинетот на градоначалникот за нашиот медиум.

Само во изминативе две недели се случија инциденти во населбите Центар, Чаир, Ново Лисиче, Радишани и Ѓорче Петров кога беа запалени контејнери за одлагање смет. Досега изгореа вкупно 15 садови за отпад .


Апели за поголема свест, Парите се од џебот на граѓаните

1,5 милиони евра е сумата која град Скопје ја потроши за да се постават 570 нови контејнери и 950 корпи за џебен отпад а она што треба да го имаме на ум е дека само еден од новите контејнери со поголем капацитет чини 1400 евра.

Набавката оди преку градот или преку ЈП Комунална хигиена Скопје, но и покрај тоа се работи за финансиски средства на граѓаните и урбана опрема што е наменета за нивна употреба.

И од Комунална хигиена велат дека секое уништување и вандализам на опремата го оштетува буџетот но и буџетот на граѓаните.

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одлагање на комуналниот отпад и да се одржува јавната хигиена.

Покрај апелите за свест од градот ги охрабруваат граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.


Сами го загадуваме и онака „чистиот“ воздух во градот

Вандалите можеби не размислиле пред да уништат но со акциите кои ги прават предизвикуваат и загадување на воздухот.

Реагираат и невладините организации а од О2 Иницијативата преку социјалните мрежи ги запрашаа градските власти зошто молчат за загадувањето предизвикано токму од палењето на овие контејнери.

„Ни збор за штетата предизвикана со загадувањето на воздухот од горење на токсичната пластика, ѓубрето е бонус. Колку ли само канцерогени диоксини и други токсични супстанции се ослободиле? И каде се засилените инспекции, тимовите со полиција, колку контејнери треба да се запалат за да фатите некого на дело, 20?” - пишуваат од О2 на Фејсбук.

Па вие кажете, Вреди ли сами да го уништуваме јавното добро кое е на сите и го плаќаме сите?


И.С.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан