Палестинците ќе добијат вакцини пред истечен рок, им ги дава Израел
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2021
Израел им дава на Палестинците вакцини пред истечен рок, a тие наесен ќе му вратат нови.
Во следните денови Израел ќе ѝ даде на Палестинската управа 1,2 милион дози од вакцината Фајзер.
Во кабинетот на израелскиот премиер Нафтали Бенет е проценето дека залихите вакцини во Израел се доволни за сегашните потреби и дека на Палестинците ќе им бидат дадени оние дози на кои наскоро ќе им истече рокот.
Палестинското Министерство за здравство, соопшти дека 436.275 Палестинци примиле барем една доза вакцина, а околу 260.000 жители ги примиле двете дози, вклучително и 100.000 палестински работници вакцинирани од Израел во последните месеци. Повеќето Палестинци биле вакцинирани на Западниот брег, а само 52.000 жители на Газа примиле една или две дози.
Во понеделникот, Високиот суд на правдата на Израел ги разгледа петициите на шест хуманитарни организации што побараа од Израел да им обезбеди вакцини на Палестинците.
Неодамна имаше конфликт кој траеше повеќе од 10 дена во Појасот Газа. Напади имаше меѓу палестинското движење Хамас и израелската армија.
foto freepik