Палмер кажа какви очекувања има за Македонија
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019
Уверен сум дека Северна Македонија наскоро ќе влезе во НАТО, вели специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Тој тврди дека нашата земја наскоро ќе стане 30-та членка на НАТО.
„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора.
Палмер додава дека Русија сака регион заснован врз нереди и недоверба.