Панчевски доби 3 години и 6 месеци затвор
Објавено во: Македонија 04 Август, 2020
Екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски е осуден на 3 години и 6 месеци затвор.
Пресудата доцна вечерва ја објави судијата Валентина Ѓорѓиевска во Велешкиот суд.
Одлуката е донесена експресно по само 40-тина минути од завршните зборови на одбраната, обвинетиот и обвинителството.