29 Март, 2024
0.0271

Панчевски во „Игра на тронови“: Јанева го разобличува, Вангеловски го спасува

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство од една страна, Врховниот суд и Судскиот совет на другата страна. Во случајот со судијата Владимир Панчевски директно се инволвираа првите луѓе на овие институции. Обвинителката Катица Јанева отвори предистражна постапка за Панчевски, судијата Вангеловски и претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, се обидуваат да го заштитат.

Минатата недела Катица Јанева отвори истрага за судијата Владимир Панчевски поради сомнеж дека местел судски предмети и оддавал службени тајни. Со судски налог истражителите на СЈО извршија претрес во кабинетот на Панчевски и во неговиот дом, како и во домовите на двајцата информатичари од Кривичниот суд.

Панчевски е осомничен за оддавање службена тајна, односно за копирање, изнесување и уништување на докази од туѓи судски предмети надвор од судот, во корист на некои осомничени. По претресот, СЈО одзеде компјутери и други докази од објектите на Панчевски и сега тие се анализираат во МВР.

„По судска наредба, СЈО изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба од судот ги одзема сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети во Основниот суд Скопје 1“, рече Јанева.

Во врска со кривичното дело Оддавање службена тајна, за кое што се сомничи Панчевски, таа рече: „Се издавале службени податоци за други лица во јавноста поврзани со наши истраги“.

Какви докази пронашла Јанева засега не е познато. Но, во спасувачка мисија за „главата“ на судијата Владимир Панчевски се вклучија првите луѓе на Врховниот суд и на Судскиот совет.

Контра истрага на Вангеловски и Караџовски

Јово Вангеловски и Зоран Караџовски вчера беа во контрола на Основниот суд Гевгелија, каде работи судијката која ги потпиша налозите за претрес во канцеларијата и во домот на Владимир Панчевски.

Налогот за претрес го потпишала претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова. Вангеловски и Караџовски не откриваат која била целта на нивната посета на судот, во родниот град на обвинителката Јанева.

Караџовски претходно тврдеше дека немало злоупотреби на АКМИС системот, а тоа, според него, го потврдиле сите досегашни редовни и вонредни контроли на компјутерскиот систем за распоредување на судските предмети.

АКМИС системот крие судско – политички игри

Сомневањата за АКМИС системот се од поодамна. Но, по аболицијата која ја направи претседателот Ѓорѓе Иванов на осомничени лица од ВМРО-ДПМНЕ од страна на СЈО, мистериозната смрт на сведокот, Коста Крпач, доделувањето на предметите на СЈО кај одредени судии, веќе се отворија сомневања дека можни се „местенки“ при распределбата на предмети.

Има сомневања дека оддавањето службена тајна се однесува на електронско преснимување, т.е. изнесување докази од предмети што ги води СЈО во Основниот суд Скопје 1 и давање на осомничени и на обвинети надвор од судот.

Во исто време, работната група од Министерството за правда заврши со контролата на системот за автоматка распределба на судските предмети во Основниот суд Скопје 1, по забелешките на експертот Рајнхард Прибе, кој се сомнева во злоупотреби со АКМИС-от.

Работната група го исконтролирала АКМИС системот во Кривичниот суд од неговото инсталирање во 2010 година. Првичните информации се дека се најдени злоупотреби, кои ќе му бидат предадени на Јавното обвинителство, а извештајот на работната група јавно ќе биде објавен од понеделник.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница