18 Април, 2024
0.0260

Пандемијата ги потопи охридските хотелиери! Колкава загуба направи „Хотели Метропол“?

Објавено во: Економија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на трите хотели на најголемата охридска хотелиерска компанија лани не стигнаа ниту до милион евра. Менаџментот успеа да скрати третина од трошоците во споредба со 2019 година и да ги донесе до ниво од 1,75 милиони евра. „Гумата за спас“ од државата вреди околу 320.000 евра, што беше доволно само загубата да се намали до 464.000 евра. Добра вест за акционерите е само тоа што компанијата ги намали обврските за 35 отсто до износ од 906.500 евра

Тешка година за најголемата охридска хотелиерска компанија. Корона кризата максимално ја тестира издржливоста на „Хотели Метропол“ лани. Приходите лани се само третина во споредба со 2019 година, а загубата и покрај државната субвенција е 464.000 евра, покажуваат официјалните финансиски резултати за работењето лани достапни на информативниот сервис СЕИ - НЕТ.

„Хотели Метропол“ ја преживеа „корона годината“. „Здравствената слика“ е далеку од добра, но со оглед на „заразата“ што е преживеана најважно е дека бизнисот е во живот. „Метропол“ лани остварил оперативни приходи од само 1,29 милиони евра што е за 63 отсто помалку од 2019 година. Ако се гледаат приходите од продажба падот е уште поголем од претходната година и изнесува 72 отсто, а остварените приходи од продажба лани се на ниво од 965.000 евра.

Значаен стимул и поддршка за преживување дошло од државата преку владината помош за хотелиерската индустрија. Од државната каса лани „Хотели Метропол“ инкасирал над 300.000 евра и тие се книжени во останати оперативни приходи. Лани се за 11 пати поголеми од 2019 година. Но тоа само ја ублажило „голгототата“ на охридската компанија која стопанисува три големи хотели на охридската ривиера.

И тука се потврди основното правило во хотелиерството дека „најскап кревет е празниот кревет“ предизвикана од забраната за работа поради здравствената пандемија. Менаџментот на друштвото имаше ограничени можности да ја „хендла“ состојбата и тука до израз дојдоа фиксните трошоци. Оперативните расходи на друштвото лани изнесувале 1,75 милиони евра на приходи од неполн милион евра. Оперативните расходи, менаџерите успеале да ги намалат за 37 отсто во споредба со 2019 година, но тоа оставило оперативна загуба од 458.000 евра.

Во расходната структура на друштвото најголема ставка се трошоците за вработените. Тие лани изнесуваат 806.000 евра и во однос на претходната година се намалени за 34 отсто. Услугите со карактер на материјални трошоци се намалени за 33 отсто и изнесуваат 133.000 евра, а најголемо кратење има кај трошоците за суровини и други материјали , каде падот е пропорционален со намалувањето на приходите. Овие трошоци се за 63 отсто пониски од 2019 година и лани изнесувале 358.000 евра.

Загубата на компанијата лани изнесува 464.000 евра. Единствена добра вест за акционерите на друштвото е таа што обврските се намалени за 35 отсто во споредба со 2019 година и изнесуваат 906.500 евра. Тековните обврски имаат доминантно учество во структурата на обврски и на крај на минатата година биле намалени за 11 отсто и изнесувале 639.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи