Паника кај граѓаните: Морбилите се шират

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Се зголемува бројот на заболени од морбили, досега потврдени два смртни случаи, но уште неколку деца се со компликации. Има ли опасност за поголемa епидемија со лош исход. Граѓаните, дури и тие кои ги вакцинирале децата се во паника, останатите се мислат како да се заштитат и самите.
Моментно на Клиниката за инфективни болести има 25 хоспитализирани лица, но се прегледуваат и се задржуваат деца и на детската клиника. Загрижува што од вкупно 11 илјади невакцинирани деца на предучилишна возраст, досега се вакцинирани само 6.128 деца.
Инаку според последните информации се подаготвуваат респиратори за уште неколку деца на детската клиника. Последниот смртен случај беше потврден вчера, а стануваше збор за 13 месечно бебе од Свети Николе, кое почина како последица на компликации од морбили. Бебето заразата ја префатило од неговиот татко, кој од морбили се разболел пред околу две до три недели.
Бебето од Свети Николе е втора жртва на морбилите, откако пред неколку дена битката ја изгуби и шестмесечно бебе од Куманово.
Можеби ќе ве интересира
Генералот Ангелов демантираше дека е избркан од тетовско кафуле

Самка Ибраимоски ќе влезе во трката за претседател на државата

Гаши вели дека ќе се бара заеднички кандидат кој немал „несреќни“ изјави

Возачот на автобусот кoj се преврте кај Ласкарци го напуштил својот дом во Гостивар

Игор Југ: Кој калибар сум јас за да ми дадат задача да го убијам премиерот?

Вулин тврди дека Скопје е центар на шпиони, Шекеринска негира

И синот на пратеникот Горан Мисовски се повлече од работното место

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ ЗА НЕПОТИЗАМ ВО НЕГОТИНО: Oва е начин на работење на СДСМ

Филип Петровски: Изборот беше изрежиран, ќе собирам потписи
