ПАНИКА ВО АЛБАНИЈА: Регистрирани се нови 12 земјотреси
Објавено во: Балкан 10 Декември, 2019
За 71 час во соседна Албанија се регистрирани 12 земјотреси.
Земјата денеска повторно ја потресе земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Тој е регистриран на длабочина од 27 километри.
Се тресеа Влора, Драч и Тирана.
Немало материјална штета, но луѓето во паника излегле од своите домови.
Во серијата силни земјотреси кои на крајот на ноември ја погодија Албанија настрадаа 52 лица.
Албанскиот премиер Еди Рама, го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26 ноември. Вториот прелиминарен извештај, како што најави Рама, ќе биде објавен на 16 декември, а финалниот во јануари идната година.
Владата соопшти дека од 6.000 згради што се проверени, околу 2.450 се неупотребливи, 460 треба да се урнат, а 43 веќе се урнати.
Викендов земјотрес која ја стресе Албанија се почувствува и во Црна Гора.