Папата бара Путин да ја запре спиралата на насилство и смрт
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски да преговараат, повика Папата Франциск.
Тој ги повика Киев и Москва да објават итен прекин на огнот. Папата вели дека некои потези никогаш нема да се оправдаат. Тој предупреди дека понатамошна ескалација може да добеде до употреба на нуклеарно оружје. Како што стои во пораката објавена од Vatican News, Папата војната во Украина ја опиша како „ужасна и незараснувачка рана по човештвото“, на што очигледно крајот не ѝ се гледа.
Обраќајќи му се на Путин, Папата Франциск апелираше да ја „запре оваа спирала на насилство и смрт“, а Зеленски го повика да биде „отворен за сериозни предлози за мир“. Побара и од останатите земји да направат сѐ што можат за оваа војна да заврши.
Украинските власти претходно посочија дека додека Путин е претседател, тие нема да преговараат. Војната почна на 24 февруари.