29 Септември, 2024
0.0259

ПАРИ И ЗА ОПШТИНИТЕ КАДЕ СЕ ПРЕРАБОТУВААТ МИНЕРАЛИТЕ – Еве какви измени се планираат за концесиите

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Се крчакаат промени во начинот на распределба на средствата од концесија на минерални суровини. На предлог на неколку пратеници во Собранието е доставен предлог на закон за дополнување на Законот за минерални суровини.

Со него се предлага промена на начинот на распределба на средствата од концесијата за експлоатирана количина на металична минерална суровина, во случај кога истата се преработува и/или се одлага јаловината од преработката на истата на територија на друга општина од општината на чија територија се врши концесиската дејност.

Во ваква ситуација, пратениците предлагаат, надоместокот за експлоатирана количина на минерална суровина сразмерно да се распределува по половина помеѓу општината на која се врши концесиската дејност и општината на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката.

Предлагачи на овие законски измени се пратениците Бедри Фазли, Вјолца Адеми, Коле Чаракчиев, Мерита Колчи Коџаџику, Панчо Минов и Рина Ајдари.

-  Со дополнувањето на Законот за минерални суровини се менува начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина на металична минерална суровина во случај кога истата се преработува и/или се одлага јаловината од преработката на истата на територија на друга општина од општината на чија територија се врши концесиската дејност. Односно во тој случај концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина сразмерно да се распределува по половина помеѓу општината на која се врши концесиската дејност и општината на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката на металичната минерална суровина – се наведува во образложението на предлог законот доставен во Собрание.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?