23 Ноември, 2024
0.0299

Пари од централниот буџет ќе се одвојат за замена на загадувачките системи во општинските јавни објекти

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев од владината седница во Куманово најави дека издвојуваат пари од централниот буџет за замена на загадувачките системи во општинските јавни објекти. 

„За оваа седница имаме неколку предлози за донесување одлуки за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за општините Куманово, Центар, Чаир, Струмица и Свети Николе.Одлуката за одобрување средства на Општина Куманово се однесува на активностите кои ги преземаме за намалување на аерозагадувањето.Планираме да издвоиме 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење во градинката „Пчелка“, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираше Заев.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) доставува информација за обезбедување на средства за финансирање на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковце. Тоа е патот кој треба да се изгради за успешно спроведување на проектот за воспоставување на самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.

„Вкупните трошоци за реализација на овој проект изнесуваат околу 40.000.000 евра. За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северно-источниот и Источниот регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и Јавните комунални претпријатија од двата региона, и оваа седница е добра прилика да разговараме и за тие прашања“, кажа премиерот Заев. 

На седницата учествуваа и градоначалниците од Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Градоначалниците од овие општини акривно се вклучија во работата на седницата со сугестии за подобра соработка со централната власт и со предлози за приоритетни проекти од интерес на граѓаните од целиот регион.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип