ПАРИ ЗА НАЈЗАГАДЕНИТЕ МЕСТА: Кои граѓани ќе имаат предност за инвертори
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2020
Аир од инверторите на Владата, загадувањето во главниот град и неколку други баш и нема да видат оваа грејна сезона.
Причина е што тие ќе пристигнат на крајот на грејната сеозона, но мерката според најавите ќе продолжи и наредната сезона.
Како што е познато, 10-те милиони евра за ваучерите за инверторите ги обезбедија Електрани на Северна Македонија.
Инаку, ваучерите треба да се на износ од 1.000 евра, односно толку пари ќе добие секое семејство кое ќе купи инвертор и со него ќе ја замени печката на огревно дрво. Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции.
Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.
Во меѓувреме, дел од општините, како Кочани, Кавадарци и Гостивар, кои не ги опфаќа оваа владина мерка, сами ќе субвенционираат купување на инвертори за граѓаните.