19 Април, 2024
0.0259

ПАРИСКИ ДОГОВОР ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Блумберг ќе искешира огромна сума на пари поради Трамповото повлекување

Објавено во: Свет 22 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот градоначалник на Њујорк и филантроп Мајкл Блумберг вели дека има одговорност да помогне околу прашањето за  животната средина, бидејќи администрацијата на Трамп се повлече од својата улога во Парискиот договор за клима. Тој  во емисијата "Face the Nation" соопшти дека ќе напише чек од 4,5 милиони долари оваа година за да ја финансира таа мисија.

„Америка се обврза и ако Владата не го направи тоа, сите ние имаме одговорност. Јас можам да го направам тоа. Да, ќе испратам чек со пари што Америка ги вети на организацијата “, рече тој.

„Опасно е да продолжиме да го правиме ова што го правиме. Ако сите ја направат вистинската работа, да, тоа ќе биде подобро, но ако некои луѓе или некои земји ја направат вистинската работа, сите ние имаме корист од тоа", дополни Блумберг.

Минатата година, администрацијата на Трамп формално им соопшти на Обединетите нации дека САД планираат да се повлечат од климатскиот пакт на Обама. Како одговор на ова, Блумберг им се придружи на членовите на американската конференција на градоначалници кои што се спротивставуваат на повлекувањето на претседателот и ветија дека ќе ја потврдат својата посветеност за исполнување на еколошките цели за намалување на емисиите на јаглерод и покрај активностите на Трамп. Тој, исто така, објави дека неговата фондација, Блумберг Филантропи, ќе помогне во координирањето на американските напори наречени „Залог на Америка" и ќе поднесат општествен НДЦ - утврден придонес на национално ниво - наместо владин. Минатата година, тој вети дека ќе обезбеди 15 милиони долари за кои вели дека Секретаријатот за климатски промени на ОН ќе ги изгуби со повлекувањето на Трамп од пактот.

Но, Блумберг посочи  дека Трамп би можел да се предомисли и покрај тоа што е остар критичар на договорот.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници