29 Март, 2024
0.0259

Парите од продажбата на „Охис“ легнати на сметка, работниците од возбуда излегоа на протест

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Над стотина поранешните вработени во „Охис“ се мобилизираа набрзина и излегоа на протест пред ССМ откако добиле дојава дека државата нема намера да им исплаќа за брзо време заостанати плати, иако изминатиот период дел од комбинатот беше продаден за 7,1 милиони евра.

На почетокот на годинава беше објавено дека Охис е продаден на фирмата „Хемиски инжинеринг“ која плати 7,1 милион евра за дел од имотот кој не беше продаден во извршни постапки. Во Централниот регистер стои дека позади „Хемиски инженеринг“ стои извесен Горјан Максимовски и компанија од Јужноафриканската република „Стил ен прешур инженеринг“ (Steel and preassure engineering).

-Парите од продажбата се легнати на сметка, но сега слушаме дека сакаат да ги пренаменат. Бараме помош од Синдикатот, а може и ќе се придвижиме пред Влада да протестираме. Најавуваме дека ќе го интинзивираме протестот, дека ќе кршиме, ќе лупаме по тенџериња и ќе палиме ако нема слух за нашите барања да ни се исплатат платите што ни ги должат – велат стечајците.

Протестот е испровоциран од информацијата дека парите наменети за исплата на нивните плати, ќе бидат пренаменети. Охисовци велат дека наводно во план е средствата да се искористат за чистење на токсичниот линдан од дворот на Охис.




Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка