25 Април, 2024
0.0291

Париз даде зелено светло за комерцијална имплементација на 5G во градот

Објавено во: Свет 07 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Градскиот совет на Париз ја усвои повелбата за мобилни телефони. Документот беше издаден по голема консултација со граѓаните, која беше спроведена есента минатата година.

Според градоначалничката на Париз, Ана Идалго, нејзиниот град е прв во Франција што воведе регулаторна рамка за комерцијална употреба на 5G. Таа се пофали на Фејсбук и дека се работи за најзаштитничка регулатива во Европа.

Рамката усвоена на седницата на локалниот парламент, во следните неколку недели ќе овозможи комерцијално лансирање на 5G во главниот град на Франција. Се заснова на заклучоците на граѓанската конференција за 5G, што се одржа минатата година и за која се договорија мобилните оператори кон крајот на февруари.

Рамката предвидува ограничување на изложеноста на бранови, информации и транспарентност при инсталирањето на антени, следење на влијанието врз животната средина, а ќе биде поставен и независен механизам за контрола. Операторите на тој начин се обврзуваат на:

  Оптимизирање на рециклирањето и повторната употреба на телефонската опрема;

  Придонес кон почитувањето на Парискиот договор и Климатскиот план на градот Париз;

  Олеснување на пристапот за сите до телефонските услуги и дигиталното вклучување;

  Заштита на личните податоци и јавни слободи;

  Информирањето на граѓаните.

Париз повторно го потврди своето спротивставување на експериментите за препознавање на лица во јавни простори.

Конечно, за да се обезбеди почитување на Повелбата и нејзино прилагодување кон новата реалност, спроведувањето ќе биде контролирано од идната опсерваторија за мобилни телефони. Ќе се состои од избрани функционери од сите политички групи во Градскиот совет на Париз, претставници на четирите мобилни оператори, здруженија на потрошувачи и станари, здруженија за заштита на животната средина, национални и регионални агенции, како и двајца научници и двајца поединци, кои учествуваа во наведените граѓански конференции.

„Отсекогаш сум гарантирала дека употребата на новите технологии, неопходни во нашиот секојдневен живот, се спроведува со почитување на еколошките, социјални и етичките вредности. Среќна сум што оваа повелба е дел од визијата за напредок“, заклучи Идалго во објава на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму