(ВИДЕО) Макрон не се откажува од реформите, а Рама вели дека ново сонце ќе изгрее
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2019
Холандија го услови почетокот на преговори со Законот за Јавно обвинителство, а Франција не се откажува од реформите.
Повеќе од 10 членки на ЕУ се против раздвојувањето на Македонија и Албанија во овој проес.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија на попладневниот состанок во Луксембург разговараат за новите драфт заклучоци доставени до шефовите на дипломатии со кои се предлага раздвојување на Македонија и Албанија во поглед на отворањето преговори за членство.
Македонскиот премиер Зоран Заев е оптимист дека датум ќе има, а неговиот албански колега Еди Рама вели дека францускиот претседател Емануел Макрон размислува за „не“, но според него ново сонце пак ќе изгрее. Тој вели дека Германија поставила услови кои се разумни. Според него, Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан, без реформи. Вели дека овој пристап на Франција е некомпатибилен.