ПАРКИНГОТ ГИ СКАРА: Шилегов не попушти за паркингот ама и лекарите не се откажуваат
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018
Вработените во здравствениот сектор и утринава излезе на мирен протест во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.
Тие не се откажуваат и преку „бунт“ сакаат да го предомислат скопскиот градоначалник кој пак не им попушти.
На седницата на Советот на Град Скопје помина одлуката со која се зголемуваат цените на паркинг услугите за вработените во Клиничкиот центар .
Тоа значи дека наместо досегашните 300 денари лекарите ако сакаат да се паркираат на паркингот на клиника тоа значи дека ќе плаќаат 800 денари месечна карта.
Изминатите два дена лекарите и медицинскиот персонал од клиниката се обидуваат да го премислат градоначалникот Петре Шилегов, кој најави поскапување на услугите за паркирање на вработените од 300 на 800 денари.
Шилегов вели дека на овој начин ќе се регулира сообраќајниот хаос.