20 Април, 2024
0.0281

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Се бира наследникот на Ангела Меркел, неизвесноста ќе биде до крај

Објавено во: Свет 26 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Трката за функцијата канцелар на Германија, наследник на Ангела Меркел е целосно неизвесна, според последните прогнози, водечките партии се практично една зад друга.

Две водечки анкети објавени пред денешните парламентарни избори покажуваат дека социјалдемократите (СПД) има мала предност пред демохристијаните (ЦДУ). Првата, спроведена од Сиви за радиодифузерот ЗДФ, покажа дека СПД е стабилна со 25 проценти поддршка од електортот, но дека ЦДУ скокна на 23. Втората анкетата пак објавена одИнститутот Аленсбах покажува дека трката е уште позаострена со 26 проценти за СПД на 26 проценти, а 25 за ЦДУ.

СПД беше во водство со недели, но беше сведена на толку мала предност што речиси и да не постои, особено кога ќе се земе предвид статистичка грешка од околу 2,5 проценти.

Сепак, најпопуларниот кандидат за канцелар Олаф Шолц од СПД останува убедливо со 47 проценти поддршка од испитаниците дека ќе го изберат ако гласаат директно за канцелар, додека 20 проценти би гласале за гласаат за Армин Лашет од ЦДУ. Само 16% рекле дека сакаат Аналена Бербок од Зелените да биде канцелар.

Се чини дека коалициската влада е неизбежна, а многу веројатно е и трипартитна алијанса. Тоа ќе се случи за прв пат на национално ниво, како одраз на зголемената расцепканост на германската и пошироката-европска политика.


Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски