24 Април, 2024
0.0295

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Денeска во Клуб на пратеници политичките партии го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори. Со потпишувањето, политичките партии се обврзуваат на демократски изборен процес  во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Сите учесници во изборите се обврзаа да го почитуваат законот, да не ги користат државните капацитети и потенцијали коишто им припаѓаат на сите граѓани, за фер натпревар и еднаквост на силите на сите кои учествуваат во кампањата. На овој начин се зацврстуваат фундаменталните вредности на демократијата и се придонесува за градењето на довербата во изборниот систем. Оваа година за прв пат беше воведена потточка за дискриминација по род со што Кодексот се проширува за уште една важна категорија.

Исто така новинарите, уредниците и раководството на медиумите потпишаа Повелба за етичко известување за изборната кампања, обврзувајќи се на објективно, вистинито и навремено информирање, имајќи целосна одговорност и свесност за нивната улога околу претстојните локални избори во државата.

Mедиумските работници ја прифатија Повелбата и беа согласни дека во работата на медиумите ќе се почитуваат принципите на урамнотеженост, на јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, на чесност и независност, на професионална солидарност, на уредувачка независност и професионален интегритет, на почит и толерантност, на еднакви можности на жените и мажите како и на слобода и одговорност.

Настанот беше одржан во соработка со Државната Изборна Комисија, Советот за етика во медиумите во рамки на кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политика“ како дел од проектот WoMеn Lead (#WoMеnLead), спроведен од Националниот демократски институт (НДИ) со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида). 

Можеби ќе ве интересира

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите