Партиите се караат дали треба да се слави или не за поканата од НАТО
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2018
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски преку свој Фејсбук профил им се обрати на уметниците и музичарите кои ќе настапат утре на прославата која ја организира Владата за условената покана за НАТО. Арсовски ги повикува уметниците да бидат свесни дека како граѓани имаме реални потреби и приоритети, отколку забава, смета дека парите кои ќе се потрошат за оваа како што ја нарекува ништожна прослава, подобро е да се наменат за други работи. Тој апелира до музичарите кога веќе ќе настапуваат на настан на кој како што пишува тој нема ништо за прослава во Македонија, барем да бидат хумани, да ги донираат хонорарите на некој на кој што му е потребно и покажет дека нечија среќа е поважна од било кој хонорар!
СДСМ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку и да не може да го прифати успехот на внатрешен и надворешен план на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека граѓаните имаат право и заслужуваат достоинствено да ги прослават ирториските успеси“ - велат од СДСМ.
Бараат ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз музичарите, и наведуваат дека граѓаните имаат право да слават за остварување на стратешките интереси.