Партија од Европа бара да се даде датум за Македонија
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Европските социјалисти бараат датум за преговори за Македонија и Албанија.
Претседателот на партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев, испрати писмо до шефот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое го повикува да го постави прашањето за разговори за пристап со Македонија и Албанија на утрешната агенда на Европскиот совет.
„Дозволете ми да инсистирам на потребата од последен напор – последна шанса да најдам договор меѓу сите европските лидери за ова прашање. Со оглед на нејзината важност за стратешките, економските и безбедносните интереси на ЕУ, веруваме дека нашите шефови на држави или на Владата треба да му се претстави можност за понатамошно разгледување на прашањето“, му напишал Станишев на Туск.
Тој ја потенцира улогата на премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама во напредувањето по, како што наведува, тешкиот пат на реформите и во двете држави.
Утре и задутре во Брисел лидерите на земјите членки на Европската унија ќе одлучуваат за преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, откако министрите за надворешни работи не успеаја да постигнат согласност вчера во Луксембург.Премиерот Зоран Заев најави дека Владата може да ја загуби поддршката од Собранието доколку Македонија не добие почеток на преговорите од страна на лидерите на земјите-членки во ЕУ до крајот на неделата.