25 Април, 2024
0.0290

Партијата на Борисов во голем пад, разликата меѓу ГЕРБ и Има таков народ е 2 отсто, а надолу оди и Каракачанов - НАЈНОВИ АНКЕТИ ВО БУГАРИЈА

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Само два проценти е разликата на ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и Има таков народ на Слави Трифонов. 

Ова го покажува анкетата на Алфа Рисрч, која тие ја објавија на својата веб страница во текот на вчерашниот ден. 

Анкетата покажува дека 20,3 отсто од граѓаните на претстојните парламентарни избори би гласале за ГЕРБ на Бојко Борисов, 18,2 отсто за Има таков народ на Слави Трифонов и 14,4 отсто за БСП или бугарските социјалисти. 

На изборите кои се одржаа во април Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на чело со актуелниот премиер Бојко Борисов освои 26,14 отсто од гласовите.

Но, доколку изборите во Бугарија се одржат утре, за таа партија би гласале 20,3 отсто од граѓаните, што значи дека има голем пад. 

Во анкетата се опфатени 1.007 возрасни граѓани од целата земја. Информациите беа собрани преку директно стандардизирано интервју со таблети во домовите на испитаниците.

Демократска Бугарија, зад која стои поранешниот бугарски премиер, Иван Костов, ги зајакнува и подобрува своите позиции, достигнувајќи 11,9 отсто од оние што одлучија да гласаат. ДПС или партијата на Турците останува петта политичка сила со поддршка од 9,9 отсто. И само уште партијата на Маја Манолева го поминува цензусот од четири отсто и има поддршка на анкетата од 5,3 отсто.

Иако направи широка предизборна коалиција со уште две други партии, партијата ВМРО на Красимир Каракачанов продолжува да паѓа. Тие сега тежат едвај 3,4 отсто што е за 0,1 отсто помалку од резултатот на изборите пред два месеци кога настапија сами како партија без коалициони партнери.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)