Партнерката на премиерката Ана Брнабиќ на насловната страна на модно списание - СИНОТ И ЈАС ЗАЕДНО СЛЕДИМЕ КОНЦЕРТИ
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2021
Партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, Милица Ѓурѓиќ се најде на насловната страница на арапското издание на познатиот моден магазин „L’Officiel“, а пренесува Блиц.рс.
„Во српската историја има многу важни жени. Тие особено се истакнаа во тешките моменти. На пример, Ксенија Атанасијевиќ, првата жена што докторирала на Универзитетот во Белград, потоа големата сликарка Милена Павловиќ-Барили, како и храбрата Билјана Србљановиќ“, изјави меѓу другото Милица.
„Мојот син многу ја сака белградската филхармонија, исто како мене. Сака музика и често заедно следиме концерти таму“, истакнала таа за споменатиот магазин.
Како што е познато, партнерката на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, Милица Ѓурѓиќ во февруари 2019 година роди момче, Игор. Ова следуваше откако Ана и Милица, која е неколку години помлада од српската премиерка, беа во врска со години. 3) и нејзината партнерка, неколку години помладата докторка Милица Ѓурѓиќ, се во врска со години. Ѓуриќ всушност направи ин витро оплодување.
Извор и фото: Блиц.рс