25 Април, 2024
0.2715

Партнерството на Уницеф и Фондација Телеком за Македонија: Дигитални иновации за еднакви можности на децата и младите со попреченост

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување на децата и младите со попреченост во дигиталното општество. Партнерите, заедно со млади луѓе, ќе создаваат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.

„Дигитализацијата ќе донесе многу нови можности и целосна трансформација на општеството. Ние, како едни од главните носители на таа трансформација имаме обврска да ја испорачаме најдобрата технологија, но и одговорност да создадеме фер услови.  Парнерството со УНИЦЕФ е токму таква иницијатива за намалување на дигиталниот јаз за подеднакво вклучување на ранливите групи. Во исто време е и повик за подигање на свеста дека сите ние сме креатори и треба да создадеме фер дигитално општество каде што технологијата, пред сè, ќе им служи на луѓето“ – изјави Никола Љушев, Претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

„Адолесцентите и младите луѓе имаат огромен неискористен потенцијал - по природа имаат страст за новини и желба да ги поместат границите. Младите со попреченост не се разликуваат. Ова партнерство е за заедничко создавање со нив за да се најдат иновативни решенија за вистинските бариери со кои децата и младите се соочуваат секој ден на училиште и во животот" - изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Партнерството се состои од две големи иницијативи кои ќе направат вистинска промена во животот на децата и младите со попреченост.

-  Generation Unlimited” – јавен повик до млади иноватори од земјата за осмислување дигитални решенија за намалување на бариерите со кои децата и лицата со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Ќе се оформат десет тимови кои ќе работат на развивање на идеите за дигитални решенија, а во секој тим ќе има по едно лице со попреченост. Тимовите ќе работат под менторство на инженери, маркетинг и ИТ специјалисти од Македонски Телеком, а најдобрите три идеи ќе бидат финансирани и реализирани. Јавниот повик со сите детали ќе биде објавен наесен, годинава.


-  Без граници“ – дигитална мапа за пристапност за лица со попреченост. Преку партнерството ќе се изработии дигитална мапа за пристапност со која луѓето ќе можат да се информираат и да ги посочат бариерите, но и позитивните примери на пристапност во: згради, пешачки патеки и премини, јавен превоз, паркинг, игралишта, тоалети итн. Преку партнерството мапата ќе се изработи како дигитална платформа. Целта е преку оваа дигитална алатка да се обезбеди полесно движење и пристапност што е една од основите за еднаков третман на овие лица. Со текот на времето платформата дополнително ќе се развива  во соработка со надлежните институции, локалните организации и здруженија на родители.

Ова е второ партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Во 2015 година под слоганот „Првите 5 најважни на свет“ беа отворени 8 центри за ран детски развој со кои децата во руралните средини добија еднакви можности за рана едукација, која им помага да бидат подобри во училиште и воопшто во животот.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка