ПАСОШ КОЈ ОТВОРА МНОГУ ВРАТИ: Со него слободно ќе патувате во 167 земји
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Најмногу врати во светот може да ви отвори пасошот на Обединетите Арапски Емирати.
Со овој пасош можете да влезете без никакви проблеми во дури 167 земји, или имате пристап до 84 проценти од светот.
Ова го тврди интернет-страницата The Passport Index, и според нивното рангирање на врвот на листата се најде пасошот на Обединетите Арапски Емирати.
Passport Index, во сопственост на „Артон капитал“, рангира пасоши од 193 земји и шест региони, кои се членови на ОН. На врвот на листата се пасошите на земјите со кои можете да влезете во други земји, без виза и посебни барања.
Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие првпат беа забележани на листата во декември 2016 година (27. место) и за две години стигнаа до број еден. Пред тоа Сингапур го имаше најмоќниот пасош.
Во првите 10 држави се Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, како и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот. Високо котираат, односно зад нив се Норвешка, Шпанија, Јужна Кореја, САД, Белгија, Австрија.
Oд регионот, Албанците можат да патуваат во 11 земји, граѓаните на БиХ во 113, Црногорците во 117, Македонците во 118, Србите во 126, Хрватите во 156, Словенците во 161 земја.