Патници пријавиле во полиција дека се гушат во пренатрупан автобус на линијата Скопје - Гостивар
Објавено во: Македонија 15 Април, 2019
Од автобус на „Еуро турист“ на линијата Скопје-Гостивар во петокот попладне полицијата симнала 20 патници, кои биле вишок, објави „Порталб.мк“. Полицијата го сопрела автобусот на влезот на Тетово, најверојатно по пријава на патници кои се жалеле дека се гушат.
20-мината патници кои биле вишок, билетите ги купиле во автобус. Возачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии.
Како што пишува „Порталб.мк“, вакви случаи има често на линиите од Скопје до Тетово и Гостивар.