25 Април, 2024
0.0279

Патувачката училница Una vita da social – „Живот на социјалните мрежи“ на „Џифони Македонија“ во Скопје од 12 до 17 октомври

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ја има честа да биде домаќин на патувачката училница Una vita da social – „Живот на социјалните мрежи“, во која ќе се реализираат едукативни средби со ученици, студенти, наставници и родители. Веќе седум години низ цела Италија се реализира овој европски проект, кој е дел од проектот „Поврзани генерации“ – Безбеден интернет центар, што го координира Министерството за образование и наука на Италија, а го реализира Одделението за безбедност во комуникациите при италијанското Министерство за внатрешни работи. 


Благодарение на угледот што го ужива „Џифони Македонија“ во нашата земја, но и во странство, годинава Одделението за безбедност во комуникациите одлучи првата и единствена меѓународна активност во рамките на проекот да биде спроведена токму кај нас, за време на фестивалот „Џифони Македонија“.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје и од Министерството за внатрешни работи на РСМ, а за успешна реализација на едукативните активности се погрижија и СВР Скопје, Град Скопје, Општина Карпош, Општина Центар, Министерството за образование на РСМ и низа други институции.

Се очекува околу 500 ученици од основните училишта да ја посетат патувачката училница, која ќе престојува на повеќе локации во градот, и тоа: во понеделник на платото пред „Скопје сити мол“, во вторник пред „А1 Арената Борис Трајковски“, а во среда и четврток - на плоштадот „Фонтана“ во Градскиот парк.

Експертите ќе им илустрираат на слушателите како интернетот може да се користи на полезен и безбеден начин, преку запознавање со најнепредвидливите замки и навремена превенција и заштита од можни злоупотреби.


Училницата ќе ги отвори своите врати за учесниците на „Џифони Македонија“ од групите кадети и сениори веќе во сабота (12 октомври), пред Младинскиот културен центар, а во попладневните часови ќе биде префрлен пред платото на „Скопје сити мол“. В недела училницата ќе биде отворена за сите заинтересирани посетители.

Експертите од италијанската Полиција за безбедност во комуникациите ќе остварат средби и со колегите од МВР, од Секретаријатот за внатрешни работи и од полициските станици од сите скопски општини, како и со претставници на невладиниот сектор.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка