29 Март, 2024
0.1368

Пауновски: Келнер ќе може да ви побара лична карта на маса

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет рече дека персоналот на кафулињата и рестораните имаат право да ги легитимираат гостите за да знаат дали се од исто семејство пред да може да бидат послужени по тројца или четворица на маса.

Според Оауновски, келнерите и менаџерите имаат легитимно право да побараат лична карта за идентификација во угостителските објекти за да виде исполнет условот за седење на повеќе од две лица на една маса.

„Ние немаме обврска да ги контролираме граѓаните односно гостите. Келнерите или сопствениците на кафулињата и рестораните треба да им бараат лична карта. Дали има двајца или повеќе гости на една маса е одговорност на локалот. Затоа угостителите нека си обрнат внимание како работат и дали ги почитуваат сите протоколи“, рече Пауновски.

Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 8 до 22 часот и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување кои се од три страни отворени со кровна конструкција. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости со стоење на шанк и стоечки маси.

Задолжително е менаџирањето на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице, на отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5 до 2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат и четири лица доколку се од исто семејство.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на лична хигиена – често миење на раце во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорното лице.

Се наложуваат засилени санитарно хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатството од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот од смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси.


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите