24 Април, 2024
0.0304

Павле Богоевски: Груевски остави држава каде ни бегалците не сакаат да останат

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО ДПМНЕ ќе потроши стотици илјади Евра, ќе го прекрши законот и ќе го узурпира изборниот процес за буквално 5 бегалци, обвинува пратеникот Павле Богоевски.

„До овој момент, Советниците на ВМРО ДПМНЕ имаат изгласано одржување на локални референдуми во Гевгелија, Битола, Кочани, Карпош, Штип, Гази Баба, Кавадарци и Прилеп.

Датумот на референдумите е ист со тој на локалните избори, 15ти Октомври. Темата кај сите е иста - дали општината треба да дозволи изградба на бегалски кампови на својата територија?

ВМРО ДПМНЕ тврди дека единствена причина за избраниот датум е да се избегнат дополнителни трошоци.

Се разбира и тоа, како и се' останато поврзано со овие референдуми е лага. Трошоците за локалниот референдум се на товар на општината. Референдумот е различен процес од изборниот, бара засебни одбори и организација. Поради тоа, трошоците нема да се намалат за ниту еден денар доколку референдумот се спои со локалните избори.

Настрана фактот што референдумот може да чини до 50,000€ по општина и што е противзаконски општините да носат одлуки за трошење на буџетски сретства во предизборниот период.

Повторно дпмне се обидува да креира реален проблем од измислена закана. После 11 години, груевски остави држава, каде дури ниту бегалците не сакаат да останат. Доказ за тоа е дека од повеќе од милион бегалци кои ги поминаа нашите граници, само пет лица добија признаен статус на бегалец во РМ, а уште единаесет добија супсидијарна заштита.

Не е предвидена изградба на бегалски кампови, ниту е планиран буџет за тоа. Винојуг и Табановце се прифатни центри (а не бегалски кампови), чија функција е само да го администрираат и менаџираат транзитот на бегалците низ Макдонија. Во овој момент, во двата кампа има вкупно 46 лица. Оваа цифра е далеку под сместувачките капацитети на камповите и е дел од подолг тренд на намалуваље на бројот на бегалци и мигранти кои транзитираат низ Македонија.

Најголемиот проблем во целава приказна се омразата и ксенофобијата кои резултираат од нивните дрски лаги и ефтино партиско калкулантство. Тие се отров за секое општество, плодна почва за трајни поледици по општествениот менталитет.

Утре за прв пат по многу долго време, можеби за првпат по нашето осамостојување, ние ќе го дочекаме Денот на независноста во слободна Македонија.

Во таа Македонија не смее да има простор за дилетантско ширење на омраза во партиски цели. На нас останува да се осигураме дека на крајот од денот, секогаш ќе преовладаат вистината и човечноста“.

Фејсбук Статус на пратеникот Павле Богоевски

Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип