19 Април, 2024
0.0305

Павле Богоевски: Не смее да се забранува носење маски на протести

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник од владеачкото мнозинство во Собранието, Павле Богоевски, по повлекувањето на контроверзниот предлог за Законотот за јавни собири од страна на Владата, искоментира дека не само што треба да останат истите прописи во сила, туку и да им се даде уште поголема слобода на оние кои протестираат.

Активистото побара во доработката на законското решение да се вметне можноста да протестираат и помалку од 20 лица на едно собирно место, а исто така, како што вели тој, не треба да им се забранува на тие што изразуваат незадоволство да не смеат да носат маски.

„Предложените Измени и дополнувања на Законот за јавни собири се повлекуваат од собраниска процедура.

Овој Закон треба да претрпи големи измени - но во целосно спротивна насока. Прагот од минимум 20 лица треба да се спушти, просторните ограничувања да се ревидираат и прецизираат и организаторите не смеат да бидат кривично одрговорни за однесувањето на секое лице на протестот - иако може да се бара од нив да ги преземат потребните мерки за обезбедување на ЈРМ, како што е редарска служба.

И не смееме ниту да размислуваме да забраниме учество на лица со маски или облека што спречува или отежнува идентификација“, коментира Богоевски.

Професорката Мирјана Најчевска критикува дека контроверзниот предлог испратен во Собранието па потоа повлечен го ограничува просторот за протестирање и излегува, како што тврди експертот за човекови права, дека граѓаните ќе може да протестираат само во сопствениот двор.

„Може да си протестирам дома во двор. Според новиот предлог тоа е единственото место каде што може да протестирам. Протестот е знак дека системот не функционира а не секојдневна активност која треба да се регулира на таков начин на кој нема никому да пречи. Протестот треба да пречи и да вознемирува. Протестот не е концерт или претстава или работа на кадеана. Ограничувањето на протестот треба да се однесува на можно насилство, а не на заштита на функционерите од викањето на граѓаните.
Историјата покажува дека ако премногу ограничувате обично ќе ви експлодира. Во фаца“, објави меѓудругото Најчевска.

Реагираше и левичарот Здравко Савески, инаку учесник на голем број досегашни протести. Како што вели тој, забраната за протестирање пред државните институции и на патиштата во суштина е забрана за протестирање.

„Забраната за протестирање пред државните институции е забрана на уставното право на протестирање. Ајде да видиме дали ќе им стиска ова да го протуркаат!“, смета Савески.

Владата на почетокот на денешната седница објави дека ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири по негативните реакции во јавноста дека нема да може да се протестира во околината на „Бихаќка“, Собранието, обвинителствата, судовите, општините и другите државни органи. Претходно, во Собранието беа доставени предлог-измени на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови ограничувања кога станува збор за протестите, што предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.

Најспорното е што се предлага јавните собири да се ограничат пред седиштата и околниот простор на органите на државната власт и просторот околу нив, како и пред резиденцијалните и репрезентативните објекти. Според предлогот, ќе се ограничат протестите на сообраќајни површини од витално значење како тунели, премини преку пат на железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници.. За да се одржи еден протест ќе биде потребна бројка од најмалку 50 граѓани, наместо досегашните 20.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?