16 Април, 2024
0.0258

Павле Богоевски уште не го става Груевски на дневен ред

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Павле Богоевски се уште го нема ставено на дневен ред одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски на комисијата на мандатно-имунитетески прашања чиј претседател е самиот пратеник.

Инаку Богоевски веќе побара одложување на седницата за неколку дена, односно откако ќе заврши комисијата за одбрана. Матичната комисија инаку е известена од спикерот Талат Џафери дека Груевски кој доби азил во Унгарија повеќе од шест месеци не се појавил во Собранието.

Единствено е познато дека Богоевски ќе ја води комисиската расправа за одземање на пратеничкиот мандат, иако сепак не е исклучена и можноста да претседава неговата заменичка Снежана Калеска Ванчева, поради скандалот со аудио-снимката за која опозицијата тврди дека е нарача на кокаин, а тој се изјасни дека нарачувал масло од канабис. Политичките противници остануваат на барањето Богоевски да си поднесе оставка. Помладокот на ВМРО ДПМНЕ пред собранието на Богоевски му остави килограм брашно.

Пратенички извори откриваат дека седницата ќе биде закажана веднаш по завршувањето на комисиите што ги работат реформите во безбедноста, закажани за денес, а на кои Богоевски им дава предност.

Богоевски ја потврди автентичноста на аудио снимката и побара да му биде направен нарко тест.



Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагира по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагира по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

ПРОБЛЕМ Е НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Oсмани ќе побара Македонија да излезе од Отворен Балкан

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР

ЗАСЕГА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОБАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ - Бујар Османи апелира сите наши граѓани таму да остават свои броеви до МНР

„ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“: министерот вели дека државата е оштетена за над 2,5 милиони евра

„ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“: министерот вели дека државата е оштетена за над 2,5 милиони евра