Павлопулос „го затвори“ грчкиот парламент
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2019
Претседателскиот декрет со кој се бара распуштање на грчкиот парламент е одбјавен, формално отворајќи го периодот на кампањата по што ќе се одржат парламентарни избори во Грција на 7-ми јули.
Грчкиот претседател Прокопиј Павлопулос во понеделникот го одобри барањето за избори формално доставено од страна на премиерот Алексис Ципрас, по поразот на европските избори.
Новата парламентарна седница ќе биде отворена на 17 јули, кога ќе бидат познати новите пратеници. По нивната заклетва, парламентот ќе го формира својот президиум преку гласање за новиот претседател, потпретседателите и други официјални претставници.
Претседателскиот декрет беше објавен на источниот влез во зградата на парламентот од страна на наредникот, генерал-мајор Константинос Киријазопулос.