25 Април, 2024
0.0266

ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ: Ниски цени – зголемена понуда!

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ: Ниски цени – зголемена понуда !

Трендот на пад на цените на становите од 2016 година се прелеа и во 2017 година. Според новото истражување на Народната банка, и во првиот квартал  од годинва  е регистрирано намалување на цените и на старите и на новоизградените станови. Додека од една страна се забележува тренд на пад на цените – од друга има раст на станбените кредити.

“Во првиот квартал, цените на недвижностите на домашниот пазар четврт последователен квартал бележат намалување, а истовремено се забележуваат определени сигнали за стабилизирање на растот на понудата на недвижности“ – велат од Народната банка.

Од таму објаснуваат  дека во првиот квартал од годината продолжи намалувањето на цените на становите, при што е забележано засилување на динамиката . Така, индексот на цените на годишна основа е понизок за 7% (намалување од 0,8% во претходниот квартал).

“Ваквото поместување е во согласност со надолното приспособување на цените на становите (вкупни и новоизградени), како во главниот град, така и во земјата во последните неколку години83. Во поглед на состојбата на понудата на недвижности, показателите упатуваат на потенцијално стабилизирање на растот. Имено, во последниот квартал од годината дојде до намалување на изградбата на станбени згради, како и на бројот на издадени одобренија за изградба на станови. На страната на побарувачката на станови не се забележуваат позначајни промени, односно и во првиот квартал на 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ – се наведува во новиот мајски извештај на НБМ.

Во исто време Заводот за статистика регистрираше дека во април во годинава  се издадени 259 одобренија за градење што е за 13.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 585 751 илјади денари или 58 милиони евра што е за 18.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупно 259 објекти, на 154 (59.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40.5%) објекти, инвеститори се деловни субјекти. Додека статистика регистрира раст кај нискоградбата и високоградбата, во април во споредба со истиот период лани е регистриран пад кај градежните зафати за реконструкција – и според борјот на издадени одобренија и според вредноста. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?