ПЦР тест за 35 евра на приштинскиот аеродром, резултатите готови за два часа
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2021
Патниците кои пристигнуваат или заминуваат од аеродромот во Приштина ќе може да направат ПЦР-тест на самиот аеродром.
Во известувањето е наведено дека од 12 јануари, е отворено место за тестирање во старата терминална зграда на аеродромот во Приштина. Тестовите чинат 35 евра, а резултатите се достапни во рок од два часа по земањето на примерокот.
Со ваков чекор, аеродромот, „Адем Јашари“ во Приштина станува втор во поранешна Југославија кој ја прави услугата достапна за патниците, по аеродромот во Љубљана.