19 Април, 2024
0.0288

Пејчиновиќ Буриќ: Квалитетните реформи ќе ја приближат Македонија до ЕУ

Објавено во: Македонија 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ при денешната посета на Македонија истакна дека само со квалитетни реформи ќе се доближиме поблиску до членството во НАТО и ЕУ, а тој процес ќе се забрза штом биде пронајдено решение за спорот за името со Грција. 

- Македонија има пријател во Хрватска и откако ќе се реши прашањето за името ќе ја добие нејзината поддршка за што е можно побрзо вклучување во НАТО и почнување на преговорите за влез во ЕУ - рече Пејчиновиќ Буриќ.

Напомена оти Хрватска ги поздравува напорите на Македонија за да го реши спорот со името на начин на кој ќе се почитуваат дигнитетот и идентитетот на двата народа. Поддршка даде особено и за влезот во НАТО, нагласувајќи дека Хрватската амбасада во Македонија е контакт на земјата со Алијансата.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров посочи оти на средбата била истакната амбициозната цел на Македонија во однос на ЕУ и НАТО во текот на оваа година и додаде оти искуствата на Хрватска се мошне важни за земјава со оглед на тоа што таа последна пристапи во Европската унија.

Пејчиновиќ Буриќ одговарајќи на новинарско прашање да даде некакво искуство од Хрватска со оглед на тоа што и таа земја има се уште нерешен билатерален спор со Словенија и со тој спор стана членка на ОН, НАТО и ЕУ, рече дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерален начин. Потсети дека Хрватска има отворено гранично прашање со Словенија што е наследено од поранешна Југославија, но оти се прават обиди тоа прашање да се реши на билатерално ниво меѓу двете земји.

Во врска со можноста за прием на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ до 2025 година, Пејчиновиќ Буриќ напомена оти не станува збор за фиксна година и додаде дека клучни за влез во Унијата се реформите што секоја земја ги спроведува, но и политичките околности во нив.

- Шесте земји се различни и различно чекорат по тој пат, при што поважен е патот отколку целта и квалитетно спроведување на реформите - рече шефицата на хрватската дипломатија.

Напомена дека некои реформи бараат подолг временски период како правосудните, но оти за ЕУ е мошне важно да согледа дека реформскиот процес отишол толку далеку што веќе нема враќање назад за одредената земја. Смета дека Македонија кога ќе ги почне преговорите за влез во Унијата ќе биде многу поподготвена од некои други земји коишто се во истиот процес.


Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден