ПЕКОЛ: Топлотен бран однесе жртви
Објавено во: Свет 22 Јули, 2019
Топлотниот бран во САД однесе шест животи.
Поради жешкото време многу настани беа откажани низ државата, од фестивали, концерти до спортски настани.
Во Њујорк температурите во неделата ќе достигнат 36,7 степени Целзиусови, но ќе се чувствуваат како 43,3 степени Целзиусови степени со влажност.
Температурите се зголемуваат во градовите од Средниот Запад до Источниот брег поради системот со висок притисок кој го зароби топлиот воздух.
Националната метеоролошка служба соопшти дека студен бран се движи од Средниот Запад кон Источниот брег и ќе донесе разладување, заедно со силни бури и поројни дождови кои би можеле да предизвикаат поплави.
И во нашата земја повторно имаме топлотен бран и се препорачува од 11 до 17 часот граѓаните директно да не се изложуваат на сонце.