25 Април, 2024
0.0357

Пелистерка ја промовираше првата македонска реклама на знаковен јазик

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската компанија Пелистерка, вчера на програмата на 1тв, премиерно ја емитуваше првата македонска реклама истолкувана на знаковен јазик. Станува збор за постоечката рекламна порака преку која нашата компанија информира зошто газираната и негазираната вода на Пелистерка се поинакви и подобри од останатите води.

„Сите наши потрошувачи, односно пријатели, ни се подеднакво важни. Во досегашните рекламни кампањи, се обидувавме да ги почитуваме различностите што се однесува до јазикот. Знаковниот јазик е признаен за официјалн јазик во Р.Македонија, а ниту една компанија досега не снимила порака на знаковен јазик, упатена на своите портошувачи со оштетен слух. Токму затоа одлучивме да превземеме чекор и повторно да бидеме лидери. На нивниот јазик да ја испратиме нашата порака “ – вели Јулија Цветковска, лице одговорно за Односи со јавност во Пелистерка.

Во македонскиот медиумски простор, знаковниот јазик е многу малку застапен. Податоците до кои што стигнавме подготвувајќи се за оваа кампања, се фрапантни. Лицата со оштетен слух во Македонија се буквално на маргините, кога станува збор за програмата на нашите телевизии.

„Со ова сакаме да ги поттикнеме останатите македонски компании да превземат чекори. Да ја мотивираме конкуренцијата да направи нешто слично или доколу можат и нешто подобро. Еден не може се, но сите заедно можеме многу“ – вели Јулија Цветковска.

Рекламата на Пелистерка истолкувана на знаковен јазик од вчера веќе е на програмата на 1тв. Компанијата годинава освен што одлучи да се посвети на здравите одлуки на нашите потрошувачи промовирајќи ја мобилната апликација Пелистерка, ќе вложи напори својата општествена одговорност да ја насочи кон најранливите категории на граѓани.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка