25 Април, 2024
0.0312

ПЕНДАРОВСКИ И МЕТА ПРЕЦИЗНИ - не сакаме друго освен членство во ЕУ

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот и албанскиот претседател се едногласни дека за двете држави нема друга алтернатива освен членство во Европската унија. 

По неуспехот на двете држави да добијат датум за почнување преговори со ЕУ, се погласно се заговара некаков друг вид на партнерство на Унијата со двете земји, а тоа го спомена и самиот француски претседател Емануел Макрон.

Но, таа опција не се прифаќа во двете држави. Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска беше во посета на Албанија, пред албанскиот колега Илир Мета порача дека Скопје и Тирана мора да продолжат да чекорат по европскиот пат.

Пендаровски предлага оддржување на вонреден самит, на кој ќе учествуваат земјите Западен Балкан, и на кој би се отфлиле сите алтернативи за евроинтеграцијата на регионот.

„Реално мислам дека и двете држави требаше да ги почнат пристапните преговори. Притоа ние потрошивме многу време на нашите европски пријатели, да ги убедиме дека не станува збор за давање на полноправно членство , туку станува збор само за почеток на еден процес кој сигурно ќе трае со години. Станува збор за многу долг процес во кој ќе има доволно време ние да ги имплементираме европските стандарди и принципи со помош на нашите европски пријатели и тоа е најдобриот начин за брзо правење на реформи“, рече шефот на македонската држава. 


Политичките партии треба да продолжат со реформите, за полесно да ги убедат европските лидери дека преговорите ќе доведат до стабилност и просперитет во целиот регион.

Според албанскиот претседател Илир Мета, иднината на двете држави е во европското семејство. Сепак, да не се заборават, вели, и домашните обврски во двете држави. 

„Се наоѓаме во ситуација во која никој не би сакал да се најде. Но ние ќе ги зајакнеме нашите напори да бидеме кредибилни, како внатрешно така и во соработка со самата Европската унија, за да можеме да добиеме позитивни вести што е можно поскоро. Секоја друга идеја е неприфатлива за регион. Членство во ЕУ е од витално значење за иднината на балканот“, нагласи албанскиот претседател.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот